На средба од осмата италијанска лига се случи инцидент во кој главната улога ја имаше главниот судија на средбата Антонио Мартињело.

Играа екипите на Борго Маљано и на Монтотоне (3:1), а судијата во еден момент го исклучи домашниот голман Матео Чичоли.

По средбата двајцата се сретнаа во подтрибинскиот простор и по мала расправија судијата го испрати голманот во нокаут со удар со глава во лице.

Како што пишува La Gazzetta dello Sport, голманот заврши во болница.

Судијата веднаш е суспендиран на една година и му е забрането да посетува натпревари од серии А, Б и Ц, натпревари од Купот и Суперкупот, натпревари на италијанската репрезентација, меѓународни натпревари, како и аматерски натпревари низ цела Италија.