Газета Дело Спорт во опширен текст го анализираше судењето на Џанпаоло Калварсе на дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер кое заврши со победа на „старата дама“ со 3-2.

Калваресе покажа два црвени картони, два пенали за Јувентус, еден за Интер, единствена исправна одлука беше црвениот картон за Брозовиќ, сè друго беше грешка, тврди Газета Дело Спорт.

Газета Дело Спорт го оцени со „четворка“ судијата Калваресе од максимална „десетка“, останатите медиуми не му дадоа поголема оцена од „тројка“.

Јувентус со победата против Интер во контроверзното дерби со сомнителни судиски одлуки, ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите, но ништо не е сигурно за „старата дама“ до крајот на последните 90 минути следниот викенд.