Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега фудбалски експерт, Грем Сунес вели дека Челзи треба да се обиде да го купи голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа. Шпанецот во последно време прави катастрофални грешки што го чинат бодови неговиот клуб. Во исто време во Шефилд Јунајтед одлично брани позајмениот Дин Хендерсон.

Де Геа е најскапиот играч на Јунајтед. Како да го ставиш на резервна клупа со толкава плата, а тоа да не предизвика проблем? Ќе можат ли така да го продадат? Од друга страна, Челзи ја бара замената за Кепа Аризабалага, па ете ја шансата.

Но, ова треба да е одлука на Солскер. Тоа е тешка одлука, но за тоа и го плаќаат“, изјави Сунес за The Sun.

Веќе кружат шпекулации дека Манчестер Јунајтед ќе го продава Де Геа, за да го зголеми буџетот за нови засилувања. Неговиот договор со клубот важи до 2023 година.

Платата на Де Геа наводно е 23 милиони евра годишно, што го прави најскапоплатен фудбалер во Премиер лигата.