Денес на ЕУРО се играат само две средби, дербито се игра во Минхен на „Алијанц арената“, се среќаваат Германија и Франција.

Двете репрезентации се меѓу фаворитите на шампионатот, селекторот на Германија, Јоаким Лев по ЕУРО ја напушта својата селекција, за дуелот со Франција вели:

„Се подготвувавме добро, одиме во вистинска насока, атмосферата во тимот е одлична, со нетрпение чекаме да започне овој меч и шампионатот за нас. Првиот натпревар ќе покаже дали тимот е спремен за противник каков што е Франција. Двете репрезентации имаат опасни напаѓачи, тоа значи атрактивен фудбал со голови“ изјави Лев.

Германија и Франција во Минхен се среќаваат од 21 часот.