Марио Балотели му даде експресен одговор на Џорџо Кјелини по критиките на дефанзивецот на адреса на „супер марио“. Фудбалерот на Бреша изјави дека тој е барем искрен со луѓето.

„Јас барем имам искреност и храброст да кажам директно во лице. Од 2013 година ќе имаше многу можности да го направиш тоа, однесувајќи се како вистински човек, но тоа не го направи. Којзнае што ќе кажеш еден ден за денешните тимски колеги, чуден капитен.. Доколку ова значи да се биде шампион, тогаш претпочитам да не бидам. И никогаш не покажав непочитување кон синиот (италијански) дрес“ –  напиша Балотели на Инстаграм.

Овие двајца долги години беа соиграчи во репрезентацијата на „Аѕурите“ која по Светската титула во 2006.година, нема позначајни резулати во последните 15.години.