Ждрепката денеска во ФФМ  донесе големо дерби во осминафиналето на Купот на Македонија, Вардар и Шкендија, големите ривали ќе  се пресметаат уште во втората рунда.

Бранителот на титулата, Академија Пандев ќе игра со Осогово, интересен дуел ќе има меѓу Шкупи и Силекс, новајлиите во ПМФЛ, Борец и Струга трим Лум  ќе играат за четвртфинале

Двојки, осминафинале:

Вардар -Шкендија

Ак. Пандев- Осогово

Шкупи – Силекс

Борец – Струга ТЛ

Брегалница – Македонија Ѓ.П.

Лабуништа – Охрид

Тикбеш – Ренова

Првите натпревари се играат на 25. септември, реванш дуелите се закажани на 30. октомври.