Ливерпул и Челзи не одиграа атрактивен меч, во регуларните 90 минути беше 1-1 по двете продолженија уште по еден гол на двете страни 2-2, пенал рулетот за екипата на Ливерпул и трофеј од Суперкупот.

Жиру и Мане погодија во регуларните 90 минути, во продолженијата  од два пати по 15 минути голови постигнаа Мане  и Жоржињо од пенал за 2-2 по екстра времето.

Луверпул победи со сите реализирани пенали, Абрахам не искористи пенал во последната серија за Челзи.

Пенал серијата ја отвори Фирмино и погоди за 1-0. Следуваше Жоржињо за Челзи кој израмни на 1-1.

Во втората серија шутираа Фабињо за Ливерпул и Баркли за Челзи и двајцата прецизни…

Третата серија ја отвори Ориги за Ливерпул, со малку среќа погоди, Мејсон Маунт сигурен за Челзи.

Следуваа пеналите на Александар -Арнолд и Емерсон, и двајцата прецизни, по осум пенали сеуште е нерешено…

Салах ја превзеде одговорноста во петата серија за Ливерпул и погоди, Абрахам од Челзи промашува, Ливерпул е освојувач на Суперкупот.