Проектот Суперлига пропадна, УЕФА во меѓувреме објави нов формат за Лигата на шампионите како своевиден одговор на турбулентните настани и обидот да се сруши концепцијата на елитното натпреварување на „Европската куќа на фудбалот“.

УЕФА го претстави планот за новиот изглед на Лигата на шампионите, проширено издание од 2024 година., можеби и порано ако им се верува на медиумите од Италија кои најавуваат дека тоа ќе се случи за две години.

Икај Гундоган кој е голема ѕвезда на Манчестер Сити, беше еден од оние кои не се сложија да се формира Суперлигата, но тој не е баш задоволен и со новиот формат на Лигата на шампионите.

 

„Новиот формат на Лигата на шампиони носи се повеќе и повеќе натпревари. Никој не ј мисли на нас играчите? Новиот формат на ЛШ е само малку помало зло од Суперлигата“ – коментираше Гундоган.