Сусо откри дека се преселил во Севиља со намера да остане во шпанскиот тим со кои се надева дека наредната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.

Крилниот играч се пресели од Милан во јануарискиот преоден рок во Севиља на позајмица со можност за откупување целосно на неговиот договор.

„Дојдов да останам тука за да бидам во мојата земја. Сепак, сега е најважно да избориме пласман во Лигата на шампиони и да оствариме што подобар резултат во Лигат Европа“-изјави Шпанецот за „Марка“.

Севиља во моментов е трета во Ла Лига и во четврток ќе ја дочека Рома во првиот осминафинален меч од Лигата на Европа.