Група свештеници од римокатоличката црква во Наполи со писмо до градските власти и до управата на Наполи бара да биде стопирана иницијатавата за промена на името на стадионот на калчолигашот, во првобитната форма.

Според „Ил Матино“ писмото е потпишано од епископот Кресенцио Сепе.

„Стадионот Сан Паоло треба да го носи името на светецот кој го доближи Исус до сите нас. Човешството мора да ја почуствува одговорноста. Сите се согласуваме со едно, не сакаме празни чинии. Убаво ќе биде ако стадионот се вика Сан Паоло – Марадона, како што е примерот во Милан, Сан Сиро-Меаца. Мора да се најде компромис и да се задржи вербата.“ – стои во писмото.