Селекцијата на Франција во не многу интересен меч славеше над Исланд со 0-1. Решавачкиот момент се случи во 66 минута кога во казнениот простор на домаќините беше фаулиран Гризман, а сигурен егзекутот од белата точка беше Жиру.

По овој триумф Франција се наоѓа на втората позиција со 18 бода и има поен помалку во однос на Турција која во последните моменти од мечот славеше над Албанија со 1-0.

Во оваа група до првиот триумф стигна Андора која со идентичен резултат како и Турција славеше во дуелот на фенерџиите против Молдавија.