Фудбалерот на Ајакс и српски репрезентативец, Душан Тадиќ имаше фантастична сезона во домашното првенство и ЛШ со што го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Според информациите кои доаѓаат од Србија до Тадиќ стигнала „непристојна понуда“ од Кина, каде за три години може да заработи 42 милиони евра.

Далијан Јифан е клубот кој силно го посакува Србинот и испратил понуда вредна 14 милиони евра по сезона.

Ајакс не сака да го продаде Тадиќ за помалку од 30 милиони евра, сума која кинескиот клуб е подготвен  да ја плати.