Жан Тодибо нема доволно минути во првиот тим на Барселона и поради ова веќе почнал да размислува за заминување од „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Баер Леверкузен е фаворит за потписот на дефанзивецот во случај Барселона да се согласи да го продава или позајмува во јануари.

Во игра се и неколку клубови од Премиер лигата но засега се е оставено на Барселона, клучен во целата приказна е Умтити кој допрва треба да докаже дека има капацитет и дека повредите се минато за да се врати во почетниот тим на Валверде.