Парма, Лацио и Фиорентина ја загубија трката со Евертон за ангажманот на младиот крилен напаѓач на Јувентус Муизе Кин.

„Карамелите“ се согласиле да му платат на Јувентус 32 милиони евра (со можност сумата да достигне дополнителни осум милиони) и да го купат Кин кој ќе заработува по 3 милиони евра по сезона.

Младиот 19 годишен Кин минатата сезона одигра 17 натпревари во дресот на Јувентус и постигна седум голови.

Медицинските прегледи се закажани за утре по што ќе се случи и официјалната промоција на новото засилување на Евертон.