Касимпаша е во завршни преговори со ФК Вардар за трансферот на Али Адем, пренесуваат медиумите од Туција. Турскиот прволигаш најверојатно ќе го добие младиот креативец за 200 000 евра.

За Адем имаше интерес и од Фенербахче но според последните информации раководството на Касимпаша било поупорно во преговорите со црвено-црните.

Трансферот на Адем треба да се реализира во зимскиот преоден рок. Потсетуваме предходно од Македонија во Турција трансфер напрација Јани Атанасов од Академија Пандев во Бурсаспор и Елиф Елмас кој од Работнички премина во Фенербахче а сега е под договор со Наполи.