Златко Талевски е реизбран на денешното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола.

Талевски и во следните четири години ќе го води фудбалот во Битола, на денешното Собрание на ОФС Битола, присуствуваа 36 делегати, ги утврдија  делегатите кои ќе ја претставуваат Битола во Собранието на ФФМ.

Убава вест е дека легендата Драган Канатларовски е меѓу петте делегати кои влегуваат како членови на собранието на ФФМ.

„Канатларовски како претставник на тренерската организација во иднина ќе ги претставува определбите за дополнителен фудбалски развој, имаме јасна определба за вклучување на фудбалските легенди од Битола во Собранието на ФФМ“ – изјави Талевски.