Екипата на Академија Пандев по двете нерешени во низа, со нов тренер во името на Александар Таневски му гостува на Работнички кој исто така нема победа на последните две средби во ПМФЛ и Купот.

Таневски ќе дебитира на клупата на Академија Пандев, најави дека во Скопје против Работнички екипата од Струмица ќе бара шанса за нови бодови.

Работнички игра во добра форма во оваа календарска година, ние имаме свои мотиви и цели за овој натпревар. Кратко време сум тука, но верувам дека овои момци се подготвени да излезат од кризата и пласманот во полуфиналето во Купот да го наградат со позитивен резултат против Работнички во сабота.“ – тврди Таневски за Дриблинг.мк

Ова е прв натпревар од 22 коло во ПМФЛ, Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија на натпреварот  кој започнува од 13 часот.

Утре се играат средбите:

Ренова – Вардар

Силекс – Македонија Ѓ.П.

Борец – Шкендија

Струга ТЛ – Шкупи