Македонија Ѓ.П  стартуваше победнички во новата сезона во ПМФЛ, иако многумина ги отпишаа денеска во дуелот со Вардар, младиот тим предводен од Александар Таневски запиша победа.

Тимот од Ѓорче Петров славеше со 2-0 како гостин, тренерот Таневски смета дека тактиката била вистинска и победата е реален исход на настаните на мечот.

„Задоволен сум од изданието на моите играчи, тактичката поставеност беше одлична, прикажавме максимална посветеност, повеќе ја посакувавме победата, едноствано ја исполнивме нашата цел. Вардар има одличен тим, знаевме што не очекува, денеска имавме неколку играчи под 21 година, Личина, Воша, Емини и Трајковски, другите се на возраст до 23 години освен капитенот Божиновски, имаме млад тим кој одлично одигра“ -изјави за дриблинг Таневски.

Македонија Ѓ.П  во второто коло се среќава со Академија Пандев која вчера го победи шампионит Шкендија во Струмица, ќе биде тоа убаво дерби на две непоразени екипи во ПМФЛ по првото коло.