Александар Таневски, тренерот на Македонија Ѓорче Петров, по денешниот пораз од Алашкерт го изрази своето незадоволство од резултатот.

„Во секој случај добро е што постигнавме гол на гостински терен кон ни дава надеж за реваншот. Мислам дека поразот е резултатот на неискуството на европска сцена. Ова е само прво полувреме од целокупната пресметка па на реваншот ќе се обидеме да дојдеме до победа за пласман во следното коло.“ – истакна Таневски.

Тренерот на „лавовите“ смета дека ако не правеле толку грешки сигурно и резултатот ќе бил поинаков.

Реваншот помеѓу овие две екипи е за точно седум дена во Скопје.