Македонија Ѓорче Петров ќе се бори со ерменски Алашкерт во првото коло од квалификациите за пласман во групната фаза во Лига Европа. Според тренерот на ѓорчепетровци, Александар Таневски, неговиот тим има квалитет за пласман во второто коло но потребна е сериозна анализа и подготовка.

„Во последните четири години три пати биле шампиони на својата земја, имаат и искуство во квалификациите во европските натпреварувања. Станува збор за екипа во која има неколкумина балканци. Ќе собереме повеќе инфромаци и заедно со стручниот штаб добро ќе се подготвиме.

По завршувањето на подготовките ќе знаеме со што располагаме но секако дека ќе се обидеме да ги поминеме. Важно е добро да се преставивме и да не ги разочараме нашите навивачи. Да ја преставиме Македонија во што подобро светло. Сигурен сум дека моите момци ќе дадат 100% за да успееме да се пласираме во второто квалификациско коло. “ – изјави Таневски.

На 11 јули Македонија ЃП ќе гостува во Ерменија а на 18 јули го очекува реваншот со Алашкерт во Скопје.