Поранешниот репрезенативец на Англија и легенда на Челси, Џон Тери призна дека татко му бил разочаран и лут затоа што неговиот син не го одбрал Манчестер Јунајтед.

Џон Тери потпишал за Челси на 14 години и безмалку целата кариерата ја помина во овој клуб, одигра 717 натпревари и освои низа титули.

„Во моментот кога влегов во просториите на Челси се почуствува супер. Знам дека тоа е бизано но тоа е. Татко ми никогаш не сакаше јас да потпишам за Челси. Тој никогаш не сакаше да бидем на теренот со мене, во времето кога играв за училишниот тим. Јас сум во тунелот, играчите излегуваат на теренот, Глен Ходл минува крај нас и татко ми ми вели, Не треба да потпише за овој клуб, треба да потпишеш за Манчестер Јунајтед. Тоа што играв за челси никогаш не го направи вистински среќен.“ – изјави Тери