Таткото на српскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид Лука Јовиќ одби да го коментира обвинителниот акт против неговиот син, наведувајќи дека има информации кои нема да им се допаднат на многумина.

Српското обвинителство деновиве подгба обвинение против Јовиќ за крешење на здравствениот протокол, кога во март година во време на вонредната состојба, фудбалерот се врати во Србија и наместо во самоизолација слободно се шеташе низ Белград.

„Нема да дадам изјави, бидејќи ако зборувам, многумина ќе се најдат таму каде што би сакале да го видат Лука, во затвор“, изјави таткото на Лука,  Милан Јовиќ.

На Лука Јовиќ му се заканува казна затвор од 6 месеци.