Еден од најдобрите голамани во историјата на Манчестер јунајтед, Хари Грег  почина во 87 година од својот живот.

Поранешниот рерпезентативец на С.Ирска беше дел од златната генерација на „црвените ѓаволи“ кои доживеаа авионска несреќа  во близина во Минхен на 6. феверуари 1958 година, а Грег беше еден од ретките преживеани.

Тој по овој херојски подвиг ја доби титулата Витез во Велика Британија. Дресот на Јунајтед го носеше 247 пати, и најскап голман во светот тоа време.

За Северна Ирска има одиграно 25 натпревари, а во во 1958 година на СП беше прогласен за најдобар голман.