Навивачката група Комити на фејсбук објави дека еден од основачите Горан Костадиновски – Гокси, по долго боледување почина.

Горан Костадиновски – Гокси, учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити се вели во соопштението.

Со неверување ја примаме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена. Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити. Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк… Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме. Ќе паметиме дека своемремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети. Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави ! Горан Костадиновски – Гого (23.08.1969 – 28.10.2020)