Претседателот на шпанскиот клупски фудбал, Хавиер Тебас потврди дека ризик постои ако сезоната продолжи но дека со внимавање се може да биде сведено на минимум.

„Едно е сигурно, ќе има фудбал секој ден. Од моментот кога ќе продолжи првенството па до крајот на сезоната. Ако се приджуваме до сите мерки, нема да има поголеми ризици. Никој не знае кога ќе продолжи сезоната, затоа што вирусот сеуште е тука. Ние сакаме Ла Лига да продолжи на 12 јуни, ова е датум кој ни овозможува сезоната да заврши без проблем.“ – изјави Тебас.

До крајот на сезоната во Ла Лига останаа уште 11 натпреварувачки кола, проблемите со новозаразени од Ковид-19 меѓу прволигашите во моментов е најголем проблем околу најавениот рестарт на сезоната.