Италијанската фудбалска Серија Б од сезоната 2021/22 ќе користи ВАР технологија, потврди денеска генералниот секретар на фудбалската федерација Марко Брунели.

Серија А е една од првите лиги кои воведе помош од ВАР технологија, а од оваа сезона тоа ќе се направи и во Серија Б.

Серија Б претходната сезона користеше ВАР само во плеј офот и доигрувањето.

Серија А и Б ќе почне од 21 август.