Англиски „Телеграф“  тврди дека Марио Манџукиќ е  желба на Евертон кој е во преговори со Јувентус. Хрватскиот репрезентативец не е во плановите на Маурицио Сари и извесно е неговото заминување од Торино.

Манџукиќ е поврзуван со клубови од Германија, Ајнтрахт Франкфурт наводно веќе бил пред потпис, сега за него постои интерес од Евертон кој нуди 25 милиони евра.