Жозе Мурињо е во преговори со Хуи Ка Јан, најбогатиот кинез, околу можноста португалецот да го преземе Гвангжу Евергранд и кинеската репрезентација.

„Се сретнаа за кинеската Нова година. Хуи има намера да го убеди Мурињо да го преземе клубот, а со тоа и да се зголеми интересот за кинескиот фудбал“ – пишува британски Телеграф.

Кина досега само еднаш настапила на Светско првенство, а Хуи се надева дека Мурињо би можел да направи силна селекција која би се пласирала на еден од наредните два Мундијали.

Португалскиот тренер е без ангажман, откако беше раскинат договорот со Манчестер Јунајтед.