Според Мирор, без разлика дали сезоната ќе се доигра или не, клубовите од Премиерлигата ќе мора да се откажат од дел од средствата кои ги добија или требаше да ги добијат од ТВ правата.

Мирор тврди доколку сезоната не се доигра во Англија, тогаш клубовите на броадкастерите ќе им вратат 340 милиони фунти.

Телевизиите бараат поврат на средства и да се доигра сезоната бидејќи се соочиле со големи загуби поради паузата но и термините кои не се стандардни ако сезоната се доигра.

Доколку сезоната не се доигра во Премиерлигата, клубовите ќе мора да вратат 762 милиони фунти и ќе бидат во голема загуба.

Мирор потенцира дека опцијата сезоната да не се доигра е губитничка за сите страни.