Со сигурност можеме да кажеме дека тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, не е најголемиот обожавател на теренот со вештачка трева.

„Копјанците“ се намачија и на крајот славеа со минимален резултат, а голот го постигна Душан Тадиќ.

„Терените со вештачка трева не припаѓаат овде, тоа е лошо за нашиот углед. Мораме да ги отстраниме сите што е можно поскоро. Тоа е форма на мамење. Го гледаме тоа на највисоко ниво на фудбалот и го прифаќаме. Лудост “, изјави Тен Хаг по натпреварот.

На крајот на претходната година Спарта најави дека планира да премине од вештачка на природна трева, но тоа досега не се случи.

Дали тоа ќе се случи и дали Ерик тен Хаг ќе го пречека или ќе биде на Олд Трафорд, останува да видиме.