Промените кои ги бара Зинедин Зидан ќе ги промораат дел од играчите на Реал Мадрид да го сменат клубот ова лето. Левиот офанзивен бек, Тео Хернандез со сигурност ќе го напушти „Сантијаго Бернабе“ а во трка за неговиот потпис во моментов се Милан, Наполи и Баер Леверкузен.

Бундеслигашот е фаворит за потписот на Хернандез но не се исклучува и можноста Милан да се обиде да го искористи пријателството меѓу Малдини и Тео.

Наполи засега е трет на овој список затоа што екипата предводена од Анчелоти преферира од Реал Мадрид да го ангажира Хамес Родригез а потоа да размислува за останатите опции.