Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген денес на социјалните мрежи објави вест која нема да им се допадне на сите симпатизери на Германската репрезентација за престојниот ЕВРО шампионат.

Тер Штеген потврди дека нема да може да игра за Германија на претстојното Европско првенство.

Тој во четврток ќе оди на операција на коленото, што ќе му биде извршена во Малме, Шведска.

„Тажен сум што ќе го пропуштам Европското првенство и за прв пат по многу години ќе бидам навивач за мојата земја од дома. Се надевам дека ќе го освоиме пехарот“, напиша Тер Штеген.

Се очекува тој да биде спремен за почетокот на следната сезона , а Германија не треба многу да биде загрижена ако се знае дека на голот го има Ноер кој е феноменален а негова резерва е Бернд Лено од Арсенал.