Ерлинг Халанд моментално е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот и ова е сосема очекувано ако се знае дека Норвежанецот е  еден од  играчите од кои се очекува да владеат и да  бидат во фокусот на големата сцена во наредите  години.

Барселона е заинтересирана за ѕвездата на Дортмунд , па голманот на „каталонците“ Марк Андре Тер Штеген имаше интересна анализа на Халанд.

„Неговиот стил на игра и голови е импресивен. Кога ќе видите видеа на кои тој трча од својата половина кон напред во полн спринт и ја погодува топката со сите сили, тоа е фантастично. Тоа е чиста волја, не можете тоа да го тренирате. Или ја имате или ја немате немате таа волја. Халанд би го направил секој тим во светот подобар. Но, тоа не значи дека нема да остане во Дортмунд.

Дортмунд е е многу добро управуван клуб во кој е направена одлична работа во последните неколку години. Зошто не треба да остане таму уште една година? Тоа во никој случај не би бил чекор назад. Ако си замине, новиот негов клуб ќе има неверојатен напаѓач во следните 10 години“ -вели Тер Штеген.

Засега се шпекулира дека Халанд ќе остане уште една година во Дортмунд но ништо не е исклучено доколку дојде некоја примамлива понуда.