Битката на Кристијано Роналдо и Лионел Меси трае веќе десеција и пол, а во последните пет години се заостри и кога се во прашање параметрите кои немаат врска со фудбалскиот терен.

Еден од тие параметри е се и следачите на социјалните мрежи, а тоа го потврдува и најновата објавена студија, која ја направи „CRO Agency LoveUX“.

Студијата откри имиња на 30 фудбалери кои заработиле најмногу од Инстаграм минатата сезона. Роналдо е прв на листат со 15.85 милиони фунти заработка за 32 спонзорирани објави.

Меси има 8.46 милиони фунти за 24 спонзорирани објави, што е околу 352 илјади фунти по објава, за разлика од него Роналдо заработува 495 илјади фунти по објава.

Нејмар, Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба го завршуваат спосокот на најдобрите пет, а најинтересен е примерот со Герет Бејл кој ја зазема позицијата број 30 со две спонзорирани објави.

Интересно е дека на пописот има многу малку дефанзивци. Марсело и Серхио Рамос се единствени во топ 20, а во топ 25 се само уште Рафаел Варан и Тиаго Силва.

Листа на сите фудбалери:

1.Кристијано Роналдо (15.851.742 фунти)

2.Лионел Меси (8.463.635 фунти)

3.Нејмар (7.737.067 фунти)

4.Златан Ибрахимовиќ (2.277.130 фунти)

5.Пол Погба (1.763.620 фунти)

6.Роберт Левандовски (1.154.910 фунти)

7.Антоан Гризнам (1.131.375 фунти)

8.Марсело (906.521 фунти)

9.Луис Суарез (776.928 фунти)

10.Пауло Дибала (722.184 фунти)

11.Дани Алвеш (692.427 фунти)

12.Џејмс Родригез (544.453 фунти)

13.Иван Ракитиќ (513.252 фунти)

14.Карим Бензема (483.697 фунти)

15.Мохамед Салах (398.048 фунти)

16.Килијан Мбапе (362.358 фунти)

17.Габриел Хесус (310.886 фунти)

18.Тони Крос (309.245 фунти)

19.Хери Кејн (255.357 фунти)

20.Серхио Рамос (254.204 фунти)

21.Тиаго Силва (234.193 фунти)

22.Томас Милер (220.387 фунти)

23.Рафаел Варан (224.427 фунти)

24.Кевин Де Бруј (198.495 фунти)

25.Мирален Пјаниќ (197.179 фунти)

26.Рахим Стерлинг (194.556 фунти)

27.Марк Андре Тер Штеген (192.798 фунти)

28.Радамел Фалкао (181.686 фунти)

29.Рикардо Кварезма 175.589 фунти)

30.Герет Бејл (166.951 фунти)