Иван Перишиќ игра одлична сезона, повторно е еден од главните играчи на Интер, кој и покрај заминувањето на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими се бори за титулата во Италија.

Сепак, договорот на Перишиќ со италијанскиот великан истекува на лето, а се чини дека управата на клубот одолговлекува со преговорите за новиот потпис. Наовдно проблем е е плата. Газета дело Спорт пишува дека клубот му нуди само три милиони евра годишно, што е двојно помалку од сегашните шест.

Во исто време шнанскиот весник Фихајес пишува дека три клуба се заинтересирани за мего. Меѓу нив како фаворити се Вест Хем и Евертон од Премиер лигата.

А интерес за Хрватот покажува и Волфсбург, каде Перишиќ играше во периодот од 2013-та до 2015-та година.