По повод ждрепката во Нион, во која македоснкиот фудбалски шампион Шкендија од Тетово го доби тимот од Естонија Номе Калју, тренерот на тетовскиот тим Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими имаа свој коментар.

„Максимална почит кон секој противник, па и кон Номе Каљу. Тимот од Естонија во последните години доминира во својата земја, секој тим си има свои квалитети, форсираат игра со многу трчање и мораме да бидеме подготвени“ истакна Османи.

Капитенот Алими посочува дека ждрепката била наклонета кон неговиот тим.

„Ние сме среќни со ждрепката, веројатно Номе Каљу, барем според рејтингот е најповолниот ривал што можевме да го добиеме. Иако не треба никого да потценуваме сепак ние си ги знаеме нашите квалитети и не криеме дека одиме на победа. Имаме три недели да ги добиеме сите можни информации за ривалот, добро да се подготвиме и со нашето искустви што го имаме веруваме дека ќе одиме во следната рунда“ вели капитенот Арменд Алими.