Шкендија против Ренова во осминафиналето од Купот на Македонија, ова е натпреварот кој треба да ја одбележи следната елимициска рунда во најмасновното фудбалско клупско натпреварување во земјава.

Ждрепката во ФФМ посака во осминафиналето да се соочат градски ривали од Тетово. Градско дерби ќе има и во метрополата, Вардар ќе го дочека Скопје, а ќе се судрат и поранешниот финалисти Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.

Осминафинале Куп на Македонија, 20 октомври:

Шкендија – Ренова

Ак. Пандев – Македонија ЃП

Пелистер – Работнички

Вардар – Скопје

Брегалница – Охрид

Струга ТЛ  – Борец

Шкупи – Тиквеш

Беласица – Силекс

Шкупи – Тиквеш

Еден натпревар одлучува за место на екипите во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Натпреварите од 1/8 финалната фаза ќе се одиграат на 20 октомври со почеток  во 14:00 часот.