Давид Алаба од оваа сезона ќе игра за Реал Мадрид. Австрискиот репрезентативец пристигна како слбоден играч од Баерн Минхен, каде настапуваше 12 сезони и и со кој освои се што можеше да се освои.

Со истата намера доаѓа сега во Реал, а германските медиуми денеска објавија податок кој открива дека Реал и тоа како размислува сосем сериозно со Алба. Ако некому бројот на Рамос на неговиот грб не му беше доволен сигнал сега е сосема јасно.

Дер Шпигел објави детали од договорот кој Алаба го потпишал со Реал Мадрид, а покажуваат колку пари ќе ги чини ова засилување.

Авсриецот ќе заработи 115 милиони евра во текот на пет години, но то ане е се. Само со потписот Алаба доби 17,7 милиони евра, неговиот менаџер Пини Захави доби 5,2 милиони провозиија, а нагрдата за семејството на Алаба е 6,3 милиони евра. Кога ќе се собере испаѓа дека Реал Мадрад вкупно на Алаба на крајот ќе даде 144 милиони евра.