Кошаркарите на ТФТ го изненадија фаворитот Пелистер  и му го нанесоа првиот пораз сезонава во кошаркарското првенство, запишаа победа со 97:82, заостанат натпревар од 3 коло.

Лидерот падна во Скопје, црно-белите од Тафталиџе одиграа феноменална трета четвртина 30:13, која беше најава за големата победа  со 97:82.

Најефикасни во составот на ТФТ беа Лахланд Андерсон со 23 поени, Стахил Николов постигна 21 додека Амир Смит во победата учествуваше со 18 поени.

Во редовите на Пелистер се истакна  Џаз Вилијамс со 21 поен и 6 асистенции.