Златан Ибрахимовиќ го одбра Милан и тоа е горова работа, ова го објави „The Telegraph“ од Англија повикувајќи се на извори од Италија.

Швеѓанецот официјално ќе потпише во декември за Милан кога ќе му заврши договорот со ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ веќе настапуваше за Милан од 2010 до 2012 година кога постигна 56 голови, со Милан го освои „Скудетото“ во 2011 година.

Напаѓачот од Шведска ги одби Болоња и Наполи од Италија но  и неколку екипи од Англија.