Плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара се приклучи на дел од спортската јавност која е против употребата на ВАР системот во фудбалот.

„Јас сум тотално против ВАР. Живеам како фудбалски романтичар. Технологијата ќе донесе правда но ќе се загуби суштината на играта. Пример за тоа е моментот кога ќе постигнете гол а потоа мора да почекате затоа што не знаете дали ќе важи или не. Верувам дека фудбалот носи емиции.“ – изјави Алкантара.

Ова го посочи играчот на Баерн Минхен по поразот од Арсенал од 2:1 на контролниот натпревар.