Златан Ибрахимовиќ ја заврши авантурата во ЛА Галакси и на залезот од кариерата ќе се врати во Европа. Најсериозни кандидати за доведување на Швеѓанецот се Болоња и Милан.

Токму Милан беше еден од клубовите во минатото за кои настапуваше Ибра и тоа во периодот од 2010 до 2012 година, а во тој период Милан за последен пат го освои „Скудетото.

По повод шпекулациите и неговото враќање на „Сан Сиро“ се огласи и Бразилецот Тиаго Силва, кој призна дека поради него Златан го напуштил Милан.

„Ибрахимовиќ ми се јави и ме праша дали е вистина дека ќе преминам во ПСЖ. Му реков дека е вистина и дека туку што потпишав договор. Тогаш ми кажа ако ти одиш во ПСЖ преминувам и јас. По неколку дена двајцата заедно бевме на тренинг во Париз“, изјави Силва.

Ибрахимовиќ за две години поминати во Милан забележа 85 настапи, на кои постигна 56 гола и 24 асистенции.