Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва, сака да премине во Барселона ова лето, како слободен агент.

Според информациите на Goal.com и на Mundo Deportivo, 35-годишниот Бразилец, чиј договор со ПСЖ завршува во јуни оваа година, сака да дојде во Барселона, бидејќи има желба да игра во иста екипа со Лионел Меси.

Силва настапува за ПСЖ од 2012 година. Оваа сезона тој одигра 30 средби во сите натпреварувања и постигна 1 гол, а имаше и 1 асистенција.