Летното засилување во одбраната на Челси, Тиаго Силва испрати поздрав до Лампард преку неговиот Твитер профил.

Бразилецот пристигна на „Стенфорд Бриџ“ по разговорот со Лампард кој денеска доби отказ од позицијата во Челси.

„Би сакал да ти се заблагодарам за се што направи и за посветеноста која ја покажуваше од првиот ден кога пристигнав . како што ти реков, ми се чини како да соработувавме 10 години, ти благорарам за се легендо.“ – напиша Силва.