Белгискиот репрезентативен голман и член на Реал Мадрид Тибо Куртоа го повреди скочниот зглоб и ќе мора да паузира најмалку три недели, објави шпанскиот клуб со што ќе го пропушти стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига.

Куртоа нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан на првите два меча од новиот шампионат, против Селта на гости и против Валјадолид на домашен терен.

Според најавите Куртоа би требало да биде подготвен за мечот од третото коло против Вилјареал, кој е закажан на 1 септември.