Пред првиот меч на Динамо Загреб сезонава во Лигата на Европа, дуелот со Вест Хем, кој ќе се одигра на Максимир, Сквавка потсети на фактот дека тимот од главниот град на Хрватска би имал многу помоќен тим доколку не ги распродаваше своите играчи.

Наведувајќи дека Динамо е доминантен тим за овие простори и хрватското првенство, сајтот наведува дека најдобриот хрватски тим, доколку не ги продавал најдобрите играчи би бил многу помоќен.

„Да успеаја да ги задржат своите најдобри играчи, Динамо без сомнеж би бил еден од најсилните тимови во Европа“– се вели во заклучокот.

Сваква идеалниот тим на Динамо го направи во формација 4-3-3. На голот е сегашниот голман Доминик Ливаковиќ, пред него во дефанзивата Тин Једвај, Ведран Чорлука, Дејан Ловрен и Шиме Вршаљко, во средниот ред се Матео Ковачиќ, Марсело Брозовиќ и Лука Модриќ, додека во нападот се Марко Пјаца, Марио Манџукиќ и Дани Олмо.