Откако стивнаа шпекулациите со можниот трансфер во Баерн Минхен, сега со напаѓачот на Лајпзиг, Тимо Вернер се поврзуваат три големи клубови од Англија.

Манчестер Сити, Ливерпул и Манчестер Јунајтед имаа конкретни понуди до агентот на младиот офанзивецт кој се наоѓа пред тешка одлука.

„Во моментов има два правци во кои можам да размислувам. Да бидам дел од Ливерпул или Сити, тимови кои се веќе изградени и стабилизирани и во кои има страшна конкуренција или да прифатам да се преселам во Јунајтед кој прави големи промеми и се обидува да се врати на старите патеки.“ – изјави Вернер.

Вернер може да го напушти Лајпзиг за 51 милион фунти колку што му изнесува откупната клаузула. Тој оваа сезона постигна 28 голови во синте конкуренции и во летниот преоден рок одново ќе биде во центарот на вниманието.