Како што тврдат медиумите од Англија со назнака „вонредна вест“, Тимо Вернер ги договорил личните услови и во принцип се сложил на трансфер во Челси.

Вернер ќе заработува 180.000 фунти неделно, Челси на Лајпциг ќе му исплати 53 милиони фунти, Германецот потпишал договор на 5 години.

Со ова Челси ги победи Ливерпул и Јунајтед во трката за потпис на напаѓачот на Лајпциг кој сезонава блеска, на 30 натпревар постигна 31 гол во сите натпреварувања.