Челзи и Тимо Вернер имаат договор, но засега тој не може да се реализирапоради протоколите во Германија и Англија поврзани со Ковид-19.

Челзи и Лајпциг се договорија, Вернер се сели во Лондон за 50 милиони фунти, но Германецот ќе мора да почека, тврди новинарот на БТ Спорт, тој не може на лекарски прегледи во Англија.

„Одложувањето на потпишувањето на договорот е само техничка работа, протоколите во двете земји се такви што Вернер не може да отпатува во Англија, ракводството на Челзи ако оди во Германија потоа ќе мора во задолжителен 14. дневен карантин според прописите на Владата на Велика Британија“  – пишува Рафаел Хонигштајн.

Сепак Челзи бара начин како да го надмине овој проблем, според извори од клубот, лиценциран лекар од Германија по завршувањето на сезоната во Бундеслигата ќе ги изврши вообичаените медицински прегледи, така нема да се одложи потписот на Вернер за Челзи.