Напаѓачот на Салцбург, Ерлин Халанд има само 19 години и испиша историја во Лигата на шампионите, тој се запиша во листата на стрелците против Генк кога го постигна четвртиот гол за својот тим а негов петти во ЛШ.

Халанд успеа да постигне гол на петте едно по друго средби за Салцбург во Лигата на шампионите, со што стана првиот тинејеџер во историјата на елитното натпреварување на УЕФА , кој се запишал во листата на стрелците на пет натпревари во низа.

Ова не им успеало на Меси и Мбапе, Халанд е играч кој е роден во Норвешка, кај Салцбург дојде во јануари оваа година и експлодираше со голови во првенството на Австрија и Лигата на шампионите.